ПОЧЕТНА

БИКОТ

Бик и Овен
И Овенот и Бикот имаат рогови и за тоа треба да се води сметка. Првиот е иницијатива, а вториот реакција. Затоа секој однос помеѓу овие двајца го започнува Овенот. Овенот спојува мостови, а Бикот има смисла за хумор. Ако Овенот и Бикот успеат да воспостават слободен однос на давање и примање, користа ќе биде посебна и обострана. Овенот може да го фрустрираат Биковите со чести периоди на маленкост и интроспекција. Грешката која Овенот обично ја прави во овој однос е барањето од Бикот брзо да донесува одлуки, а за него тоа е невозможно. Заедницата од Овен и Бик може да биде негативна за опстанокот на општеството, како резултат на необичната крутост спрема другите.

Бик и Бик
За Биковите постојат две навредливи мислења, но често погрешни: дека се дебели и дека се мрзеливи. Првото мислење е последица на склоноста кон јадењето која сепак не носи секогаш многу килограми, додека второто е причина на познатото верување на овие луѓе дека претераното трошење на енергија е грев. Тие поседуваат многу сила од причина што постојано ја штедат и собираат. Заедницата на овие  двајца секогаш е опкружена со топлина и хармонија. Типичниот машки Бик е силен и тивок, тој знае што сака и секогаш е погротвен да то добие тоа што го сака, жената Бик со тоа ќе биде импресионирана, двајцата имаат многу заеднички работи: сакаат природа, обожаваат да садат растенија и да ги набљудуваат како растат, и обајцата го знаат името на директорот на банката. Нивните желби се слични и затоа се одлучуваат заеднички да ги остваруваат.

Бик и Близнаци:
Кај овој пар, разликите во сваќањата за уживањата се толку различни колку и нивните карактери, но во дневниот живот, во практичен живот добро се снаоѓаат. Еротската врска е промашена. Бикот е длабок, сталожен и бара целосен акт до кулминација, Близнаците се површни и сакаат да бидат готови што побрзо. Ни еден од партнерите нема да доживее вистинска интима. Најчеста причина за напнатоста меѓу овие два знаци е што Бикот чувствува кога треба да се размислува, а Близнаците размислуваат кога треба да чувствуваат.

Бик и Рак     
Идеалите на овие двајца се куќа опкружена со цвеќиња, сигурен имот покрај вода и богата маса. Во домаќинството соработуваат одлично, на маса се веселат покрај јадењето, но во креветот се е млитаво и неспретно, повеќе надујаност отколку коитус. Иако Бикот е конзервативен има големи сексуални потреби и Ракот користејки ја својата бујна фантазија може да се обиде да спречи појава на досада во нивниот однос. Бракот на оваа комбинација е цврст, затоа што во сферата на корисното и материјалното остануваат заедно со куќата, децата и обичаите, и се додека ги врзува нема страв од раскинување.

Бик и Лав
Ако и двајцата мислат дека се во право, ништо неможе да го промени нивното мислење, а тоа може да доведе до несакани последици. За да се одржи оваа врска најдобро е никој да не настојува да го промени карактерот на другиот. Но интересот за домот, кариерата и пријатели може да ја одржува оваа нехармонична врска. Бикот може да претерува во сексот, меѓутоа ни Лавот нема помали потреби. Сексуалниот живот е на задоволуволително ниво.

Бик и Девица
Нивните погледи и ставови кон животот и парите се речиси идентични. И едниот и другиот уживаат да ја планираат својата иднина до последна ситница и присутен е взаемен страв од долгови. Нивниот сексуален живот ќе биде многу активен, но највероватно конзервативен и едноставен, иако Девицата е доволно интелегентна за да го прифати секој предлог на Бикот. Љубомората која што ја поседува Бикот од време на време може да предизвика напнатост во врската. Оваа е идеална астролошка врска.

Бик и Вага
Во оваа комбинација, двајцате се под заштита на Венера, но немаат многу сличности. Вагата е нежна и површна, додека Бикот стабилен и посесивен. Вагата планира на кратки патеки, а Бикот на што поголеми. Оваа врска може да се развие од заедничката љубов кон уметноста, двајцата се опседнати со убавината и се луѓе кои имаат голема креативна енергија. Но тоа не е доволно. Постојат разлики и во сексуалниот живот, затоа што Бикот е многу корзевативен и нееластичен за да ги задоволи потребите на Вагата. Многу несигурна врска.

Бик и Скорпија
Сензуалност плус возбудувања и ако се додаде опасност еве ја врската помеѓу Бик и Скорпија. Првиот е трпелив, вториот не е. Првиот е посесивен, а вториот љубоморен. На првиот му треба материјален комфор, а вториот е често аскет. И на едниот и на другиот верноста му е важна работа. И двајцата не знаат да простуваат, а вториот дури и ќе се освети , освен тоа што ќе памти. Ова е сексуално извонредна врска, возбудлива и магнетски привлечна. Скорпијата е тоа што Бикот го сака, а Бикот е тоа што Скорпијата би сакала да биде. Овие двајца здружени во било која врска: деловна, семејна, пријателска или љубовна, ако одлучат да ги соединат талентот и способноста можат дури да ја променат и судбината. Покрај страстите заеднички му се и парите.

Бик и Стрелец
Овие два знаци многу ретко можат да створат добар пар. Нивните погледи на светот се премногу различни за да можат да се доведат до компромис. Никако не се сложуваат, особено не во сексот. Додека Биковите се луѓе од акција Стрелците се преполни со различни идеи и замисли. Ако пак таков пар сепак се состави, двајцата мораат во голема мерка да се променат и прилагодат еден кон друг. Љубомората на Бикот може да биде почеток на крајот во ваквиот однос, затоа што Стрелецот ќе флертува со секого со кој ќе дојде во контакт. Ова е многу фрустрирачка и за нервите многу незгодна врска.

Бик и Јарец
И двајцата имаат потреба за удобен дом и секој ќе вложи многу енергија во тоа. И едниот и другиот имаат карактеристичен страв од долгови, па тоа ќе ја елиминара можноста од финансиски тешкотии. Можеби ќе собираат стари предмети затоа што двајцата се интересираат за минатото. Взаемна е и нивната потреба за враќање кон природата и можеби ќе се изрази преку љубовта према градинарство или кампирање. Бидејќи им е толку убаво во нивниот дом и бидејќи се толку среќни кога ќе бидат заедно може да се случи целосно да се исклучат од надворешниот свет.

Бик и Водолија
Во оваа комбинација компатибилноста и разбирањето се постигниуваат со многу напор, но наградата секогаш е чувството дека е остварено нешто навистина вредно. Овие двајца можат да бидат оддалечени како земјата и небото, секогаш еден од нив ќе остане незадоволен. Бикот е конзервативен, живее во сегашноста, додека Водолијата е лесноумна и екстравагантна и често живее пред своето време. Тоа се најважните разлики помеѓу овие две битија и тешко е да се замисле нивниот разговор. Може да ги поврзе веселбата, друштвото, музиката, уметноста, децата. Во сексот и темпераментот и темпото не им се сложуваат.

Бик и Риби
Родените во знакот на Риби обожаваат некој за нив да се грижи. За да ја најдат смислата на животот и за да не се почувствуваат тажно бескорисни и отфрлени суштества, ним им е потребно да веруваат дека се неопходни на саканата личност. Кога таквата личност ќе се загрижи  заради најмалото оддалечување, на Рибите тоа им е радост без граници и им оддава впечаток дека постојат. Бикот, од своја страна и не бара ништо друго  освен за некого да се грижи и да го опкружува со нежност. Од друга страна, тој мрази кога некој му бега низ прсти и не му дава прецизни одговори на неговите прашања. Нему значи му требаат енергични Риби. Такви постојат - Риби кои се исполнети личности, кои имаат чувство за реалност, кои пливаат во права линија.